Thursday, March 26, 2009

Blogeraj














Деновиве доста време потрошив учејќи и обидувајќи се да сфатам некои основни правила и финти за функционирањето на блоговите...Ќе си се пофалам дека добро ми оди, 2 минути сум среќна, 2 минути се чудам како сум дошла до ова или она.....и така натака и така натака :))) Најискрено се надевам дека ќе дојде време кога ќе се смеам на глупостите што излегувале од мојов ум на почетоците на блогов. Морам да признаам дека во последно време сум доста НЕСПОНТАНА што е прилично чудно за мене, само, тоа го налагаат случувањата околу мене веројатно?! Па следствено на тоа сум и по малку конфузна и сеуште премногу размислувам пред да напишам нешто, па ми останува да се надевам дека наскоро ќе почнат моите мисли сами да се нижат и да излетуваат нпречено од мојата глава :)
Во овие денови на длабоко размислување , на длабока самоанализа и, морам да признаам, разнишана самодоверба, сепак произлезе и нешто интересно.
Види ги сликите погоре!
А на крај морам да признаам дека блог како мојов бара посебно внимание и доста време, а и рутина...


Step by step... ;)

No comments:

Post a Comment