Friday, February 27, 2009

Fine arts




Овој блог е посветен на мојата пасија кон плетењето :)

Најчесто слободното време го користам за плетење. Уште како малечка (многу малечка) на мои 10-11 години, обожував да стојам покрај баба ми и да ја гледам како плете :) и пиев со очи што прави со иглите и многу се радував кога ќе ја сфатев суштината на плетењето. Моите први сплетени парчиња беа фустанчињата за моите кукли и Барбики, за жал ги немам овековечено тие моменти на слика но секако ќе ги паметам вечно.

Имам една мана во плетењето, а тоа е одбивноста да плетам големи работи :) кои одземаат доста време за изработка...секогаш сакам што побрзо да има се израдувам на моите творевини.

Она што го плетам најчесто го подарувам на моите најблиски, пријатели, родители...а најмногу ме радува среќниот израв на нивните лица во моментот на воодушевување од тоа што сум го изработила. Тоа е најголемиот мотив за мене! :)))

Инспирација за мене најчесто се луѓето кои ме опкружуваат...секој од нив е приказна за себе, па така и нова приказна за моето следно дело. Сакам да сум искрена и затоа ќе кажам дека исто така црпам идеи од многуте интернет блогови на тема handmade, crochet, kniting....и слично.
Во иднина планирам да се зафатам сериозно со оваа работа, и се надевам дека наскоро во Македонија ќе биде овозможен интернет шопинг па ќе можам да продавам, да изработувам по нарачка и слично. Исто така овој блог ќе биде преведен на англиски јазик.
Секој ваш коментар позитивен или негативен е добредојден за мене, и ќе биде насочен кон подобрување на мојата работа, и со плетењето и со овој блог.

p.s. На сликата е мојата Кетушка и ги носи обетките што и ги подарив за 26-тиот роденден на 04,03,2009 :)))